За агенцијата "ОСА"

      По осамостојувањето, Република Македонија тргна по патот на демократијата, а за стратешка цел го одбра влезот во семејството на Европската унија и НАТО. Транзицијата, приватизацијата и денационализацијата на општествениот и државниот имот, од една страна, и децентрализацијата на Полицијата и Армијата, од друга страна, ја наметнаа потребата од професионално и организирано обезбедување на приватниот имот од страна на професионални агенции за обезбедување.

       По донесувањето на Законот за обезбедување лица и имот на 17.02.1999 година, пристапивме кон регистрирање на агенцијата "ОСА" .


       Откако агенцијата "ОСА" ги доби сите потребни документи, сертификати и лиценци на 01.02.2000 година, Судот во Скопје издаде решение со бр. 182/2000 за обезбедување лица и имот со шифра на дејноста 7460, со што ОСА стана прва агенција во Р. Македонија регистрирана за обезбедување на лица и имот.


       Агенцијата е со седиште во Скопје во Населбата Кисела Вода на улица Димо Хаџи Димов бр 124, а свои експозитури има во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Куманово, Охрид, Струга, Велес, Штип, Кавадарци, Кичево и Кочани.
       Вработените во Агенција "ОСА" се професионално обучени и оспособени за решавање и справување со најсофистици- раните облици на загрозување на лица и имоти, што ги обезбедува агенцијата, притоа користејќи современа опрема и специјално обучени тимови кои постојано го следат и применуваат техничко-технолошкиот развој. Преку постојан процес на обука се изучуваат и методите за дејствување врз потенцијалните жаришта на загрозување. Вработените во агенцијата "ОСА" се во постојан работен однос, а нивниот број постојано расте, како и бројот на објекти што ги обезбедува агенцијата

       Поради ваквиот професионален приод кон работата, клиенти на агенцијата се мали, средни и големи компании, јавни институции, банки, индустриски и производни капацитети, домаќинства, работни простории, локали, успешни бизнисмени, општествено-политички личности, делегации, меѓународни организации, конзулати, амбасади и нивните резиденции и др.